Бранителот на тронот во француската Лига 1, тимот на ПСЖ, повторно покажува голем интерес за услугите на крилниот напаѓач од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд. Челниците на „црвените ѓаволи“ сигурно ќе седнат на преговарачката маса доколку официјалната понуда за репрезентативецот на Англија не биде помала од 70 мил. фунти.