Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи е предложена за претседателка на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Денеска тоа ќе се утврди на седницата на Собраниската комисија за финансирање и буџет, која треба да се одржи во 11.30 часот.
Ова било договорено на координација меѓу пратеничките групи од власта и опозицијата, така што се очекува предложените имиња од опозицијата да поминат на денешната седница на Комисијата.
Потоа овој предлог ќе биде доставен до Собранието, и се очекува тоа да го изгласа веќе наредната недела, односно во среда.
Инаку, кога се формиора ваква анкетна комисија, по правило опозицијата има претседател, но помалку членови од мнозинството. ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ 4, а вледајачките ДУИ и Алијанска по два и еден член соодветно.
Како предлози на ВМРО-ДПМНЕ за членови на Анкетната комисија за Онкологија се предлагаат и Александар Велјановски, кој треба да биде заменик претседател, како и Антонио Милошоски, Гордана Силјановска Давкова, како и Иванка Василевска.