Рачно се чистат косините на реката Вардар

111

Екипите на Град Скопје го продолжуваат чистењето на косините на реката Вардар. Деновиве рачно се сече и се отстранува дивоизраснатата вегетација и грмушките, а се собира и расфрланата пластична амбалажа и отпадоците.

Чистењето на косините се изведува со моторни пили и со тримери. Во изминатиов период беше исчистена левата страна на кејот, на потегот од Камениот мост до мостот „Тодор Александров“, а во тек е чистењето на десната косина на реката Вардар кај хотелот „Русија“.

Во периодот што следува, ќе се чистат косините од двете страни на реката, од мостот „Гоце Делчев“ до хотелот „Александар Палас“.

На терен работат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“.