Раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан испратија јасна порака до челниците на шпанскиот прволигаш Атлетико (М) кои потврдија дека се сериозно заинтересирани за услугите на капитенот на „росонерите“, Алесио Ромањоли.
Од таборот на седумкратниот европски клупски шампиони пристигна порака дека репрезентативецот на Италија не е за продажба без разлика на понудата. Освен дека е недостапен, од Милан потврдија и дека сакаат веднаш да ја продолжат соработката со централниот дефанзивец.