Турки Ал Шеик, советник на кралското семејство на Саудиска Арабија, на шпанскиот тенисер Рафаел Надал му подари рекет од чисто злато. По последниот меч на Шпанецот на турнирот во сингл, во Ријад, и поразот од Новак Ѓоковиќ, предводникот на Саудиска Арабија сигурно го изненадил и самиот Надал, кој никогаш не добил ваков подарок.

Турки Ал Шеик, кој кралот Салман со декрет во 2016 година го назначи да биде задолжен за развојот на забавниот сектор во Саудиска Арабија, го извади рекетот од ложата пред Надал и предизвика воодушевување на трибините. Воздишка се проби низ целата сала кога го извади златниот рекет, што вториот најголем тенисер во историјата го прифати со ентузијазам и голема благодарност.

„Задоволство е што си тука со нас, за тебе имаме мал подарок од „сезоната на Ријад“ и ти посакувам добра иднина во животот“, рече тој, а потоа му го покажа рекетот на Надал кој го остави без зборови.

Покрај рекетото од чисто злато, Надал од организаторите доби и 1.500.000 американски долари само за настпот на турнирот.