Шпанскиот тениски стручњак Тони Надал тврди дека неговиот внук Рафаел Надал, нема завршено ниту еден грен-слем турнир без лекови против болки од 2005 година. Колку тоа звучи тажно најдобро зборува податокот дека во 2005 година младиот Надал имаше само 19 години, а кариерата ја заврши на 38 години.

Тони тврди дека Рафа се навикнал на болката – обична и едноставна.

-Рафа се навикна да игра со болка, но му реков на татко му дека немаше да освојуваме грен-слем титули доколку се предаваме секогаш кога тој има проблеми“, изјави Тони Надал за „Марка“ и продолжи:

-Од 2005 година тој практично нема завршено ниту еден тренинг, нема одиграно ниту еден грен-слем без да земе лекови против болки.

Тони вели дека Рафа мислел дека овој пат ќе може да го направи истото и дополнително да ја продолжи кариерата, но… Сега, по коленото, болката се пресели во колкот“, објасни Тони Надал.

Конечно, тој истакна интересен проблем во модерниот тенис кој може да ги натера играчите да се повредат повеќе.

„Денешниот тенис е полош поради брзината со која се игра, бидејќи кога топката лета побрзо, движењата се понагли и порано или подоцна ќе направите движење кое ќе ви донесе сериозен проблем“, потенцира искусниот тренер Тони Надал.