Генералниот секретар на Ракометната федерација на Србија, Иван Миливојевиќ, за „ТВ Арена“ спорт потврди дека кормилото на националниот тим ќе го преземе шпанскиот стручњак Раул Гонзалез.
Како што изјави Миливојевиќ, РСС потпишал договор со актуелниот тренер на Пари Сен Жермен по поразот од Италија (30:31) во квалификациите за ЕП, додека тој ќе застане на чело на репрезентацијата по завршувањето на договорот со францускиот клуб кон средината на следната година.
„Договорот со Раул Гонзалес е потпишан по одигрувањето на натпреварот против Италија. Според одредбата во истиот, вистинскиот договор стапува на сила на 01.07.2025 година, односно од моментот кога господинот Раул Гонзалез повеќе нема договор обврски со Пари Сен Жермен Вакуумот што го имаме од овој момент, до моментот кога Раул ќе ја преземе репрезентацијата, ќе го искористиме за да ја решиме моменталната ситуација со Борис Ројевиќ и да најдеме привремено решение за преостанатите квалификациски натпревари. Европското првенство е јасна цел, како и Олимписките игри во 2028 година“, изјави Миливојевиќ.
Раул Гонзалез, легендарниот ракометар ја освои Лигата на шампионите на клупата на Вардар во 2017 година. Во текот на својата тренерска кариера собра дури 24 трофеи, а последните седум сезони со голем успех го води тимот на ПСЖ. Со селекцијата на Шпанија за играч освои бронзен медал на Олимписките игри во Атланта, а исто така беше и селектор на ракометната репрезентација на Македонија.