Расте рејтингот на Бајден

40

Рејтингот на американскиот претседател Џозеф Бајден неделава е на највисоко ниво од почетокот на јуни, но останува историски низок, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Дводневната национална онлајн анкета, при што се испитани 1.005 возрасни, вклучително 445 демократи и 357 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците го одобруваат работењето на Бајден, ниво на поддршка што е историски ниско за американски претседател.

Истражувањето завршено вчера, исто така, покажа дека 78 отсто од испитаниците, кои се изјасниле како демократи, го поддржуваат Бајден, наспроти 69 отсто еден месец претходно. Само 12 отсто од републиканците го одобрија настапот на Бајден оваа недела, бројка што остана во голема мера стабилна во последните недели.

Вкупниот рејтинг на Бајден според слично истражување во мај достигна најниско ниво од неговиот мандат, 36 отсто, а под 50 отсто колку што беше во август минатата година, во време кога Американците се соочуваат со висока инфлација и економски тешкотии, предизвикани од кризата Ковид-19.