Грчката опозиција ја разгледува можноста да го одложи гласањето на Преспанскиот договор, што според најавите треба да се одржи вечерва. Расправата во грчкиот парламент почна вчера со висок тон, а ќе биде проследена со протести во Атина и во другите грчки градови. Се очекува грчкиот премиер Ципрас да добие зелено светло за договорот бидејќи тој, најверојатно, го има обезбедено мнозинството за ратификување на Договорот. Со ратификацијата ќе биде ставена точка на повеќедеценискиот спор помеѓу Атина и Скопје и ќе овозможи приклучување на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Во исто време, посредникот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, пред ратификацијата во грчкиот парламент порача дека нов договор и „брзо решение”, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, потенцира медијаторот Нимиц.
Грчката опозиција ја разгледува можноста да го одложи гласањето на Преспанскиот договор, што според најавите треба да се одржи вечерва.
Се очекува грчкиот премиер, Алексис Ципрас да добие зелено светло за договорот бидејќи тој, најверојатно, го има обезбедено мнозинството за ратификување на договорот.
„Единственото прашање што изгледа нејасно е дали гласањето ќе се одржи според распоредот или Нова демократија ќе побара одложување. Во таков случај, гласањето на договорот ќе биде одложено за следната недела или за време на викендот”, пишува „Катимерини”.
Расправата во грчкиот парламент почна вчера со висок тон и, како што пренесуваат грчките медиуми, ќе биде проследена со протести во Атина и во другите грчки градови.
Со ратификацијата ќе биде ставена точка на повеќедеценискиот спор помеѓу Атина и Скопје и ќе овозможи приклучување на Македонија кон НАТО и ЕУ.
Сериозни последици ако пропадне Договорот
Во исто време, посредникот во спорот за името со Грција, Метју Нимиц, пред ратификацијата во грчкиот парламент порача дека нов договор и „брзо решение”, ако не успее Преспанскиот, не се можни, а двете страни веројатно ќе се повлечат и од многу прашања кои веќе се договорени. Тоа може да предизвика различни сценарија од кои некои ќе имаат и сериозни последици, вели Нимиц.
Евентуалниот нов договор меѓу Скопје и Атина, според него, би траел со години, а не со месеци, бидејќи сите прашања вклучувајќи го и името за севкупна употреба – ерга омнес ќе бидат вратени на почетна позиција, а веројатно ќе има и различен политички моментум во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната политичка сцена, истакнува Нимиц.
– Двете страни речиси 25 години, од потпишувањето на Времената спогодба во 1995, работеа со добра волја да ги разрешат контроверзните прашања. Договор конечно беше постигнат по долгогодишни интензивни и тешки разговори и преговори, бидејќи секоја страна веруваше дека успеала да ги постигне суштинските елементи од своите национални интереси, со разбирање дека договорот ќе донесе мир, стабилност и пријателство, наместо продолжување на конфликтот, вели Нимиц.
Прашан дали во Обединетите нации јазикот ќе биде признат „македонски”, Нимиц посочува дека во официјалната листа на земји вклучувајќи ги и јазиците која е подготвена од Групата експерти на ОН за географски имиња (UNGEGN), , земјата е напишана „поранешна југословенска Република Македонија” со референца „македонски” (mk=Macedonian)
Објаснува дека во 1992 година UNGEGN почна да ја ажурира официјалната листа на имиња на држави, вклучувајќи ги и јазиците и на неа се 194 земји. На 94-та страница на документот постои регистрација за „поранешната југословенска Република Македонија и под назнаката јазик стои „Мацедониан” ((mk=Macedonian)
Метју Нимиц додава дека и на неформална основа ако некој пристапи на Гугл транслејт ((Google Translate) кој е широко распространета он-лајн алатка, македонскиот е еден од јазиците на кои може да се пребарува и преведува.
По час и половина жестока дискусија околу процедурални прашања, доставени приговори од опозициските партии и отфрлени од мнозинството пратеници, со говор на пратеничката од СИРИЗА Сиа Анагностопулу вчера во грчкиот Парламент почна суштинскиот дел од расправата за ратификација на Договорот од Преспа.
Таа, заедно, со пратеникот од Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, се известувачите на нацрт законот, јави дописничката на МИА од Атина. Приговори имаа од Нова демократија, Златна зора и Независни Грци.
Овој договор беше постигнат благодарение на политичката храброст и раководството на Алексис Ципрас и на Зоран Заев, но и на преговарачката способност на Никос Коѕијас кој го постигна она што премиерот Самарас го сметаше за несфатливо, рече алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос во неговото обраќање во грчкиот Парламент за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа.
Катругалос истакна дека со Договорот од Преспа, за 110 проценти ги задоволува грчките национални цели од 2007.
-Договор покрива 110% од националните позиции, национално е корисен, го зајакнува меѓународниот авторитет на нашата земја и носи мир и стабилност во регионот, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија.
Нова иницијатива за недоверба
На расправата за ратификација на Договорот од Преспа пријавени за збор се 205 од 300 пратеници колку што брои грчкиот Парламент, а обраќање ќе имаат и координаторите на партиите, министрите во Владата и лидерите на политичките партии, така што претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис најави дека дискусијата наместо предвидените 28, може да трае и над 32 часа.
Уште од понеделникот напладне, откако и официјално беше соопштено дека започнува процесот на ратификација на Договорот од Преспа, во новинарските кругови во грчкиот Парламент се појави шпекулација дека опозициската „Нова демократија” можно е да поднесе иницијатива за гласање недоверба на Владата, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата, тогаш не беше потврдена, ниту пак демантирана од членови на грчката опозициска партија, а овие два дена кулминираа сценаријата, особено по изјавата на Мицотакис од Солун дека Нова демократија ќе направи се што може за да не се ратификува Договорот од Преспа.
Евентуалната иницијатива за гласање недоверба на Владата би ја поддржале и лидерите на Река и Независни Грци, Ставрос Теодоракис, односно Панос Каменос.
Според грчкиот Устав и Деловникот на Парламентот, пренесува МИА, доколку биде донесен предлог за гласање недоверба, тогаш расправата што е во тек се прекинува и во рок од 48 часа, парламентот треба да го започне процесот за гласање недоверба кој трае максимум три дена и завршува со гласање. Потоа, ќе продолжи расправата што претходно беше прекината, односно расправата за ратификацијата на Договорот од Преспа.