Раскази: „За жените“ од кинеската писателка Бинг Син

105

„За жените“ е наслов на новата книга од познатата кинеска писателка Бинг Син во издание на „Македоника литера“. Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот и го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?

Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за жените, а во кои се оформува ставот за жените во целина.

Приказните се раскажани од машки наратор, факт што авторката го прикрива до 1980 година, кога превезот за тоа го симнува во предговорот на третото издание на книгата. Својот оригинален стил таа го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реализам, во луцидна и провокативна синтеза.

„За жените“ покажува дека феминизмот на Бинг Син може да се разгледува во однос на нејзината употреба на нарацијата како ироничен трик. Софистицираниот машки наратор кој го прикрива полот на авторот функционира суптилно за да го поткопа машкиот авторитет и неговата појава на апсолутно господарење…