Медиумите кои важат за блиски до каталонскиот гигант Барселона открија дека за време на летниот преоден рок бразилскиот интернационалец Рапфиња одбил богата понуда од Саудиска Арабија. Истите медиуми не открија за кој клуб станува збор, но открија дека на играчот за врска му бил понуден договор од 100 мил. евра и иста таква сума и била понудена на Барселона за обештетувањето.