Доналд Трамп беше виден како се забавува во својата резиденција на Флорида во четвртокот вечерта со сопругата Меланија, само неколку часа откако дозна дека ќе биде обвинет.
Трамп е фотографиран во костум и вратоврска во неговата вила Мар-а-Лаго на Флорида, а до него стои неговата сопруга Меланија, во црвен фустан.
Фотографиите се појавија неколку часа по историската вест дека големата порота во Њујорк го обвини поранешниот претседател за тајни плаќања за време на претседателската кампања во 2016 година.
Фотографиите од двојката беа објавени на Твитер од Џина Лоудон, конзервативна медиумска коментаторка.
Трамп е првиот поранешен претседател кој се соочи со кривични пријави.
Обвинителството соопшти дека работи на предавањето на Трамп, што би можело да се случи на почетокот на следната недела.
Beautiful evening here at the gorgeous Mar a Lago!
Our REAL First Couple enveloped in the love of their friends and most loyal!
(Sorry to disappoint, corporate media 😜. Actually not. Screw you! This is a happiness you will never know, sadly). pic.twitter.com/IFsFU41lAd
— Dr. Gina (@RealDrGina) March 31, 2023