Раководните лица на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се обидуваат на секаков можен начин да ги осигураат услугите на легендарниот капитен на Реал (М), Серхио Рамос. Сепак, британските медиуми открија дека „црвените ѓаволи“ имаат резервен план доколку не успеат во таа намера. Доколку не добијат позитивен одговор од Рамос, тие своето внимание ќе го насочат кон дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес, кој е проценет на 30 мил. евра.