Спортскиот директор на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Фабио Паратичи за „Скај Спорт Италија“ потврди дека “старата дама” е сериозно заинтересирана за услугите на велшкиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арон Рамзи.
- Неговиот договор истекува, и ние секогаш сме подготвени за ситуациите што ги нуди пазарот. Значи, ние исто така гледаме кон Рамзи. Повторувам, засега тој е играч на Арсенал и ние не сме единствениот тим кој го сака Велшанецот, изјави Паратичи.
Одличниот играч за врска на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч.