Ракометната репрезентација на Босна и Херцеговина би можела да се соочи со санкција од Меѓународната ракометна федерација, поради тоа што селекторот Билал Шуман не доставил целосна документација пред минатото Европско првенство.
Според правилата, секој селектор мора да поседува ЕХФ Мастер Коуч лиценца, а Шуман пред континенталниот собир не ја приложил својата. Затоа, можно е тој да биде изоставен од квалификациските дуели пред Европското првенство во 2022 година, додека се реши ситуацијата.