Ракометарите на Вардар не зеле плата девет месеци, а ќе играат на Ф4

316

„Црвено – црните“ во четвртфиналето од Лигата на шампионите го елиминираа унгарскиот шампион Пик Сегед, а тренерот Робето Гарсија Парондо истакна дека е горд на ракометарите кои девет месеци не зеле плата

Ракометарите на Вардар трета година по ред ќе играат на завршниот турнир во Лигата на шампионите во Келн. Избраниците на тренерот Роберто Гарсија Парондо, ја одбранија предноста од осум гола од првиот четвртфинален натпревар и покрај тоа што загубија во реваншот од Пик Сегед со 29:25

„Црвено – црните“ одиграа натпревар со две лица. Во првото полувреме му дозволија на домаќинот да направи осум – девет гола разлика и да се понадева дека може да стигне до завршниот турнир. Но во вториот дел му ги урнаа сите надежи, бидејќи одиграа многу подобро и заслужено се пласираа на турнирот во Келн.

-Како да не бидам горд на овие момци кои девет месеци не добиле плата – изјави по мечот, тренерот Парондо, веројатно и индиректно давајќи одговор зошто сопственикот Сергеј Самсоненко го нема на клучните натпревари за „вардарци“ сезонава.

Максимално возбуден по мечот беше и капитенот Столе Стоилов, кој порача дека не секогаш парите победуваат, но пред се е во срцето, само како дополнение на констатациите на  Тимур Дибиров и Иван Чупиќ и останатите дека силата на овој Вардар е во заедништвото и позитивниот тимски дух.

Освен Вардар на завршниот турнир се пласираауште Веспрем, Киелце и Барселона. „Каталонците“ беа убедливи во двомечот со Нант, тим во кој игра најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров, Веспрем на Дејан Манасков го елиминираше Фленсвург, а Киелце се погрижи за најголемата сензација во четвртфиналето до елиминацијата на најбогатиот клуб во светот ПСЖ, каде тренер е поранешниот стратег на Вардар, Раул Гонзалез.

Токму Гонзалез, пред две години со „црвено – црните“ ја освои титулата во Лигата на шампионите. Вардар и минатата година играше на Фајнл – Фор турнирот во Келн, но го освои четвртото место.