Ракитиќ е алтернатива за Модриќ

74

Доколку не успеат во намерата да ги осигураат услугите на Лука Модриќ, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Интер, своето внимание ќе го насочат кон неговиот сонародник од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, Иван Ракитиќ.

Интер веќе со месеци се обидува да ги осигура услугите на Модриќ, но претседателот на Реал (М), Флорентино Перез пред неколку дена изјави дека сака да ја продолжи соработката со хрватскиот интернационалец. За разлика од Модриќ, Ракитиќ можно е да биде достапен за време на летниот преоден рок, но понудата не смее да биде помала од 30 мил. евра.