Раззеленет маалскиот парк во Карпош 4

42

Со нови 215 украсни растенија, денеска е раззеленет маалскиот парк во населбата Карпош 4, меѓу улиците „Желево“ и „Соле Стојчев“. Со тоа, овој јавен простор доби уште поубав лик.

Претходно, Општина Карпош засади и нова тревна површина, висококвалитетни дрвја, а беше поставен и систем за наводнување. Во претстојниот период ќе бидат поставени и нови клупи за седење и корпи за отпадоци, а ќе се обноват и детските реквизити.

-Овој маалски парк е лоциран меѓу неколку објекти за домување. Со овие активности за уредување на јавниот простор уште повеќе се поттикнува маалскиот живот и меѓугенерациска дружба, кои се карактеристични за Карпош 4 – велат од локалната самоуправа .

Општината ја  заврши и изведбата на маалскиот парк спроти хотел „Карпош“, во урбаната заедница „Владо Тасевски“.

Како што велат од Општина Карпош, изминатиов период сериозно се вложува во хуманизација на јавните простори и нивно прилагодување кон потребите на сите граѓани.