Трофејниот кошаркарски стручњак, Црногорецот Дејан Радоњиќ, се најде на удар на навивачите на Панатинаикос по натпреварот против Арис. Како што пишуваат грчките медиуми, Радоњиќ бил вербално нападнат, жестоко навредуван и му било порачано дека мора веднаш да го напушти клубот.

Ако не се случи тоа веднаш, протестите и нападите ќе зачестат сè додека не се исполни нивното барање. Сето тоа се случувало пред кошаркарите, останатите членови на стручниот штаб, но и лица од раководството на клубот, кои останале шокирани од глетката.

Панатинаикос сезонава е далеку од врвот во Евролигата, но и во домашното првенство заостанува зад својот најголем ривал – Олимпијакос. Во елитното натпреварување има биланс 7/12 и му претстои тешка борба за пласман во плејофот.