Радовиш одбележува илјадагодишна историја

110

Општина Радовиш денеска почнува со одбележување на значаен јубилеј од своето минато – илјада години од првото пишано спомнување како рано средновековно гратче во грамотата на византискиот император Василиј Втори.

Одбележувањето почнува вечерва во Домот на културата, а ќе трае во текот на целата година со најразлични содржини.

– Ќе понудиме разни содржини од музичко-сценските уметности, драмската и книжевната уметност, ликовната, како и многу фолклорни и традиционални бисери или со еден збор многу атрактивни културни содржини, со кои се надеваме дека ќе го подигнеме нивото на културното живеење во нашата општина, а со тоа и заеднички ќе го промовираме Радовиш како општина со богато културно-историско наследство, информираат од општината.