Радио-сигнали се повторуваат длабоко во Вселената

60

Повторените радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години, тврдат научниците.

Тој феномен ја продлабочува мистеријата и нуди потенцијална можност за конечно да се разбере што би можело да  исфрли тресок од галаксија оддалечена милијарди светлосни години. Радио тресок или рафалот, како што претпоставуваат научниците, е резултат пред сè – од експлозија на ѕвезди до пренос на вонземјани.

Но, тресоците останаа потполна мистерија, со малку докази од тоа од каде доаѓаат. Траат милисекунда, но, се исцрпуваат со иста количина на енергија, која ја произведува Сонцето за 12 месеци. Веројатно највозбудлив од новите рафали е тој што научниците го гледаат шестпати, очигледно од истата локација.

Од повеќе од 60 најбрзи радио-снимки откриени досега, само еден од нив никогаш не се повторил.

– Досега, имаше само еден познат кој се повтори. Сега, со сознанието дека постои уште еден, укажува на тоа дека може да има повеќе. И со повеќе репетитори и повеќе достапни извори за проучување, можеби ќе можеме да ги разбереме тие вселенски загатки – од каде се и што ги предизвикува, изјави Ингрид Стаирс, членка на тимот научници и астрофизичар на Универзитетот Беркли во Калифорнија.

Два сета од повторувачки сигнали исто така може да им овозможи на научниците да разберат што ги разликува од поединечните рафали, да им помогне да разберат повеќе за нивното потекло и да внимаваат на идните експлозии.

– Кој и да е изворот на овие радио-бранови, интересно е да се види колкав широк спектар на фреквенции може да произведе. Постојат некои модели во кои изворно не може да произведе нешто под одредена фреквенција, истакначлен на тимот Арун Наиду од Универзитетот Мекгил.

Експлозиите се откриени во канадскиот експеримент за мапирање на интензитетот на водородот во Британска Колумбија.

Од 13 нови експлозии, кои се собрани, најмалку седум од нив се регистрирани на 400 мегахерци – најниската фреквенција од сите откриени.

Тоа сугерира дека можеби се повеќе.

Научниците посочуваат дека сега знаат дека изворите можат да произведат нискофреквентни радио бранови, кои можат да избегаат од својата околина, и не се премногу проширени да бидат детектирани од моментот кога ќе дојдат до Земјата. Тоа ни кажува нешто за опкружувањето и изворите. Не го решивме проблемот, но тоа е уште неколку делови во загатката”.