Пјонтек не е за продажба

108

И покрај долгиот пост без постигнат погодок, раководните лица на италијанскиот калчо гигант Милан, не сакаат да ја прекинат соработката со полскиот интернационалц Криштоф Пјонтек.

Зимската аквизиција од редовите на Џенова нема постигнато погодок на последните првенствени натпревари, но според раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион, Пјонтек има статус на недопирлив кога е во прашање претстојниот летен преоден рок. Пјонтек ќе остане на „Сан Сиро“ и доколку понудата за неговите услуги вреди 50 мил. евра.