Пјонгјанг: Испраќањето војници во Украина би било во согласност со меѓународното право

37
Фото: EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Министерството за надворешни работи на Северна Кореја соопшти дека нема да ги потврди медиумските извештаи за испраќање припадници на војската на земјата да и помогнат на Русија во војната во Украина, но дека таквите чекори, доколку се преземат, ќе бидат во согласност со меѓународното право.

Претходно, претставникот на Пјонгјанг во ОН ги отфрли таквите тврдења.

„Ако Северна Кореја преземеше такви чекори, тие ќе беа во согласност со меѓународните норми, и покрај можните обиди на други да ги прикажат како нелегални“, рече заменик-министерот за надворешни работи Ким Џонг-гју, пренесе државната новинска агенција KCNA.