Пуштен во употреба „Патрик“ зад ТЦ „Три Бисери“

390

Општина Аеродром и официјално ја заврши реконструкцијата и го пушти во употреба игралиштето „Патрик“, кое се наоѓа зад ТЦ „Три Бисери“.

Отсега, на оваа добро позната локација и на површина од 1.600 квадратни метри, аеродромци добиваат модерно детско игралиште, како и две повеќенаменски игралишта за фудбал, ракомет и кошарка.

Од Општина Аеродром велат дека станува збор за инвестиција која е реализирана со поддршка на општествено-одговорна компанија, а која значи многу за развојот на спортот во Аеродром, обезбедување на содржини за правилен развој на најмладите, како и одржување на настаните кои станаа симбол и традиција на маалскиот живот во Аеродром.

-Патрик со неговата традиција несомнено заслужуваше да стане едно од најубавите катчиња во Аеродром. На моја голема радост, успеавме да го постигнеме тоа. Во изминатите две години преку вакви и слични проекти креиравме простор за спортување, игра и урбано живеење во Аеродром – напиша градоначалникот Тимчо Муцунски на Фејсбук.