Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со ирачкиот премиер Мохамед Судани истакна дека може да има сериозни негативни последици за глобалниот енергетски пазар поради обидите на западните земји да воведат ограничувања на цената на руската нафта.
– Двете страни дадоа позитивна оценка за работата на Русија и Ирак во рамките на ОПЕК+, што овозможува да се обезбеди стабилност на светскиот пазар на нафта – соопшти прес-службата на Кремљ.
– Се разговараше за обидите на голем број западни земји да воведат ценовни ограничувања на нафтените суровини од Русија. Владимир Путин нагласи дека ваквите постапки се спротивни на принципите на пазарните односи и постои голема веројатност да доведат до сериозни последици за глобалниот енергетски пазар – се наведува во соопштението.