Путин: Потписниците треба да се придржуваат кон договорот со Иран

138

Сите земји потписнички на нуклеарниот договор со Иран треба да се придржуваат кон него, изјави рускиот претседател Владимир Путин на економскиот форум во таџикистанскиот главен град Душанбе.

– Сите се загрижени поради ситуацијата во врска со нуклеарниот договор со Иран. Веруваме дека единствен начин е потписниците да продолжат да се придржуваат кон своите обврски, истакна Путин.

Тој порача дека повлекувањето на САД од договорот значи дека сега е многу потешко тој да се спроведува.

Покрај Русија и САД, потписнички на договорот се и Кина, Франција, Велика Британија и Германија.