Путин „не добил шанса“ на интервјуто: Очекував поостри прашања од Карлсон

240
EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ/SPUTNIK/KREMLIN / POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е изненаден од недостатокот на остри прашања од американскиот ТВ водител Такер Карлсон, во интервјуто минатата недела.

Во интервју со рускиот новинар Павел Зарубин, Путин рече дека посакувал Карлсон да има поагресивен став, пишува Ројтерс.

„Искрено, мислев дека ќе има поагресивен став и ќе поставува поостри прашања. Бев подготвен за тоа, бидејќи тоа ќе ми даде можност да одговорам на ист начин“, рече Путин.

„Да бидам искрен, не сум целосно задоволен од тоа интервју“, додаде Путин.

Кремљ потврди дека Путин се согласил на интервјуто со Карлсон бидејќи пристапот на поранешниот водител на Фокс њуз се разликува од „едностраното“ покривање на конфликтот во Украина.