Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин.
– Мислам дека ќе разговараме – ја коментираше Трамп можноста за разговор со Путин.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Трамп на претседателските избори, велејќи дека е подготвен за контакти со него.
Путин додаде дека не смета дека е срам лично да му се јави на новиот американски лидер и да му честита.
– На Трамп можете да гледате на различни начини, но тој е храбар човек, неговото однесување во моментот на атентатот е доказ за тоа – рече рускиот претседател и додаде дека тоа му оставило силен впечаток.
Тој изјавите на Трамп за Украина ги оцени како „достојни за внимание“.