Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на граѓаните на земјата седмата годишнина од обединувањето на Русија и Крим.
Како што пренесуваат руските медиуми, тој рече дека Крим е света земја за Русија и центар на формирање духовно единство на земјата.
– Ви го честитам празникот, Денот на обединување на Крим и Севастопол со Русија. Тоа е празник на Кримците и жителите на Севастопол, но исто така празник за целата наша огромна земја. Огромна, бидејќи Русија останува најголемата земја во светот по територија, рече Путин во своето обраќање на свечениот концерт одржан во спортскиот комплекс „Лужники“ во Москва.
Настанот ги отвора традиционалните Денови на Крим, кои ќе се слават до 21 март.
Крим стана дел од Русија во март 2014 година, по референдумот одржан по пучот во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 проценти од избирачите на Република Крим и 95,6 проценти од Севастопол.
Украина сè уште го смета Крим за привремено окупирана територија.
Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето за Крим е затворено.
Извор:МИА