Путин има флота од четири авиони – до моментот на патување никој не знае во кој од нив се наоѓа!

82


Однадвор изгледа како стандарден патнички авион, иако по димензиите е малку поголем, ама внатре рускиот претседателски авион опремен како луксузен хотел.
Авионот IL – 96-300 PU чинел 500 милиони долари, а е опремен со напредна технологија која оваа летачка палата, како што ја нарекоа медиумите, функционира како вистински команден центар во случај на неочекуван напад.
Распонот на крилата му е 65 метри, колку што е и долг. Максималната тежина која може да ја понесе е 270 тони.


Внатрешноста е декорирана во неокласичен стил, со светли бои, со многу бела кожа и златни акценти.
Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони.


Од безбедносни причини, дури пред поаѓањето на пат се избира со кој авион ќе патува рускиот претседател, ама тој податок им е познат на мал број луѓе. Преостанатите три или само еден го следат авионот кој е избран за пат.