Политиката на САД, сериозно го дестабилизира Балканот, вели во екслкузивното интервју за Вечерње новости, претседателот на Русија, Владимир Путин, на ден пред пристигнувањето во официјална посета на Србија. Коментирајќи ги изјавите на западните политичари дека Русија е дестабилизирачки фактор на Балканот, рускиот претседател ја префрли топката на противничкиот терен.
- Кога зборуваме за состојбата на Балканот, сериозен дестабилизирачки фактор тука претставува политиката на САД и на одредени западни земји, усмерени кон зацврстување на нивната доминација во регионот. Уште 1999 година , Вашингтон и неговите сојузници, без санкции од Обединетите нации , два ипол месеци ја бомбардираа Југославија и насилно ја одвоија Автономната Покраина Косово. Во 2008 година, Вашингтон и неговите сојузници го подржаа нелегитимното прогласување на косовската независност. Во 2017, наспроти ставот на повеќе од половина од населението, во НАТО беше вовлечена Црна Гора.
Минатата година, поради форсирано зачленување на Република Македонија во НАТО , беше покренат процес на донесување на уставни амандмани и промена на името на таа држава, ревизија на основата на македонскиот национален идентитет. Притоа, игнорирана е волјата на македонските гласачи, референдумот за промена на името на државата пропадна, но продолжи надворешниот притисок.
- Наша земја, знаејќи колку е комплициран Балканот и историјата на тој регион, секогаш го сметала за простор за конструктивна соработка. И денес Русија, овде има многу пријатели, меѓу кои посебно место завзема стратешкиот партнер Србија. Затоа, помош во јакнењето на регионалната безбедност и стабилност е наш безусловен приоритет, изјави Путин.