epa11708628 Russian President Vladimir Putin attends a plenary session as part of the 21st annual meeting of the Valdai Discussion Club titled 'Lasting peace on what basis? Common security and equal opportunities for development in the 21st century' in Sochi, Krasnodar region, Russia, 07 November 2024. The Valdai Discussion Club annual meeting takes place from 04 to 07 November. EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин е спремен со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да разговара за Украина, но тоа не значи дека е спремен да ги смени барањата на Москва, порача Кремљ.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков одговори на прашањето дали спремноста на Путин да разговара со Трамп значи дека е спремен да ги смени барањата. Путин во средата во Сочи кажа дека е отворен за разговори со лидерот на американските републиканци кој во вторникот победи на претседателските избори.

„Претседателот никогаш не кажа дека се менуваат целите на специјалната воена операција. Токму спротивното, повеќе пати повтори дека тие остануваат исти“, кажа Песков. „Сето тоа се однесува на безбедносните интереси на нашата земја, безбедносните интереси на рускиот народ кој тука живее. Затоа не станува збор за промени“.

Путин руските барања ги кажа на 14 јуни: Украина мора да се откаже од амбициите за членство во НАТО и да ги повлече сите војници од териториите на четирите украински региони кои Русија ги анектираше.

Киев ги отфрли, прогласувајќи ги за фактичка капитулација.