ПУТИН: Во тек е верижна реакција, борбите се шират

87

Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека Блискиот Исток е на работ на општа војна и ја спореди ситуацијата таму со верижна реакција, нагласувајќи дека борбите што започнаа во Газа се проширија и во други земји, вклучувајќи го и Либан.

Коментирајќи ја ескалацијата на насилството во тој регион на состанокот на БРИКС во Казан, Путин посочи дека хуманитарната ситуација на Блискиот Исток се влошува, дека бројот на раселени лица надмина 1,5 милиони и дека инфраструктурата – вклучувајќи станбени згради, училишта и болници – претрпе огромни штети, пренесува ТАСС.

Тој исто така нагласи дека насилството нема да престане додека не се создаде независна држава Палестина и не се почитуваат резолуциите на ОН.

Рускиот претседател ја истакна потребата од спроведување на решението за две држави како клучен услов за враќање на мирот и стабилноста.

На крајот, претседателот на Русија го повтори своето противење на „терористичките активности“ и посочи дека Русија отсекогаш била против насилството и уништувањето што се случуваат во регионот на Блискиот Исток.