И четврти пат по ред Путин во Белград не пропушти да дојде без славниот куфер со шифри за нуклеарно оружје на Русија.
Секогаш, каде и да оди Путин, зад него оди руски специјалец кој носи црн куфер во кој се наоѓаат шифрите за активирање на едно од најмоќните оружја на светот.
Се разбира, тоа што шифрите за нуклеарен напад се секогаш во негова непосредна блиѕина не е ништо невообичаено, и претседателот на Русија мора во секој момент да биде подготвен за евентуален нуклеарен напад.
Називот на овој куфер е Чегег и е дел од автоматскиот систем за команда и контрола на руската стратешка нуклеарна сила наречена Казбек. Во таинствениот куфер на рускиот претседател се наоѓа уред за врски со помош на кој може да лансира ракети со атомски боеви глави.