Путин:Одложување на мобилизацијата за уште категории студенти

77
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша денес декрет со кој одложувањето на делумната мобилизација за студенти е проширено на дополнителни категории академци.

Како што објасни, со декретот се одложува мобилизацијата за оние кои се запишани на акредитирани приватни универзитети и одредени постдипломски студенти, пренесува Ројтерс.

Путин на 21 септември, на предлог на Министерството за одбрана и Генералштабот, објави делумна мобилизација на резервниот состав, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу објасни дека е планирана регрутација до 300.000 луѓе.

Шојгу во вторникот  рече дека во Оружените сили на Руската федерација досега дошле повеќе од 200.000 повикани во рамките на делумната мобилизација.