Пунктовите на ЈП „Паркови и зеленило“ ќе се греат на плин

269

Со цел намалување на аерозагадувањето, ЈП „Паркови и зеленило“ врши промена на старите и нееколошки грејни тела на дрва.

Како што информира градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, онаму каде што нема можност за приклучок за електрична енергија се поставуваат грејни тела – плински печки и тоа во пунктовите во реоните: Чаир, Бутел, Јане Сандански, Ново Лисиче, Кисела Вода, Карпош 4, Капиштец, Центар, како и Ректорат.

– Онаму каде што има електричен приклучок се поставуваат грејни тела – електрични печки и тоа во пунктовите во реоните: Рајски парк, Аеродром, Карпош 3, Кале, Дрвореди и Механизација. Поставувањето нови грејни тела во преостанатите неколку пункта ќе продолжи во наредниот период, со што комплетно ќе бидат заменети сите стари и нееколошки печки на дрва – информира Шилегов.