Седум малолетници на возраст меѓу 12 и 17 години се ранети во вооружен напад пред трговски центар во Индијанополис, главниот град на американската држава Индијана, соопшти денеска полицијата.
Нападот се случил во близина на трговскиот центар Сркл сентер, некаде по 23:30 часот изјави заменичката на шефот на метрополитанската полиција на Индијанополис Тања Тери.
Таа додаде дека сите ранети се во стабилна состојба и се хоспитализирани како и дека здравствствената состојба на едно тешко рането лице се стабилизирала, како и дека во пукањето се користени повеќе пиштоли.
Се уште никој не е уапсен и полицијата нема осомничени за нападот, изјави таа.