Пукање во населбата Савски венец во Белград – полицијата и обвинителството се на местото на инцидентот 

18

Во белградската населба Савски венец вечерва имало пукање, дознава Танјуг.

Според првичните информации нема повредени.

Полицијата во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград врши увид на лице место.

Според сознанијата на нова.рс цел на нападот е, како што се сомнева, осудениот навивач Никола Вавиќ.

Според првите информации тој не е повреден. Исто така, како што е познато, Вавиќ одбива да соработува со полицијата и тврди дека немало пукање. Истрагата е во тек.

Инаку, како што пренесува нова.рс Никола Вавиќ, осуден навивач, на полицијата и е познат од 2008 година за бројни кривични дела. Тој беше член на навивачката група „Алкатраз“ предводена од неговиот брат, чија забрана своевремено побара републичкото јавно обвинителство, но Уставниот суд не ја прифати таа иницијатива.