Пукање во Висконсин: напаѓачот ранил петмина

34

Непознат напаѓач ранил пет лица во градот Рацин во сојузната држава Висконсин, по што извршил самоубиство, соопштија американските власти.

По пукањето напаѓачот се обидел да побегне и полицијата преговарала со него. Сепак, тој се самоуби.

Полицијата посочува дека ниту еден од полицајците не пукал од оружјето. Ниту една од жртвите не е сериозно повредена.

Полицијата не соопштува информации за идентитетот на напаѓачите или жртвите, иако сите индиции велат дека инцидентот е поврзан со семејни проблеми.