Најмалку шест лица настрадаа, а десет се повредени денеска во југоисточно Мексико при вооружен напад во бар, соопшти тамошното обвинителство.
Нападот се случил во градот Виљаермоса во мескиканската сојузна држава Табаско каде што вооружени лица упаднале во бар „барајќи некое лице“.
Се додава дека тие вооружени лица потоа пукале на луѓето кои се наоѓале во нивна непосредна близина во барот.