Психотерапевтите реагираат:Светот се полни со „крипто-зависници“ , навиката премина во дијагноза

3623

Психотерапевтите ширум светот забележаа зголемување на бројот на „крипто-зависници“, но пазарот многу брзо реагираше на овој проблем.

Сè повеќе експерти за третман на зависност се специјализирани за откажување од тргување со криптовалути, а во САД неколку клиники веќе отворија посебни филијали за оние кои не можат да ја контролираат оваа навика.

Во изминатите неколку години има голем пораст на инвестициите на пазарот на криптовалути, како и на луѓето кои тргуваат со нив.

Криптовалутите сега ги купуваат не само оние кои имаат вишок пари, туку и луѓе со просечни примања кои се надеваат дека брзо ќе заработат пари со нивно купување и препродавање.

Меѓутоа, проблемот е што ова постојано следење на пазарот на дигитални пари може да стане зависност.

По што се препознава зависник?

Крипто-зависноста е релативно нов феномен. Тоа се рефлектира во патолошка опсесија која бара постојано следење на крипто-пазарот и компулсивно купување и продавање на дигитални валути.

Овој тип на зависност, како и сите други, може да има многу негативно влијание врз здравјето на зависниците. Често се крајно еуфорични кога бележат добри резултати во трговијата, но можат и многу да се вознемират кога тргувањето „не оди добро“.

Психолозите велат дека крипто-зависниците имаат најмногу сличности со коцкарите и предупредуваат дека оваа зависност не треба да се сфаќа лесно, бидејќи коцкарите имаат најголем број самоубиства од групата на оние кои имаат зависност.

Некои од знаците на крипто-зависност се потребата да се инвестираат поголеми суми пари, така што потенцијалната добивка е придружена со поинтензивна еуфорија, компулсивно проверување на движењата на пазарот на криптовалути во секое време од денот или ноќта, губење на интерес за други активности, неможност да се размислува за други работи криптовалути како и неможност да се паузира тргувањето и инвестирањето, несоница, незадоволство, гнев и други негативни чувства доколку поради некоја причина не можете да инвестирате на овој пазар, загрозувајќи ја сопствената финансиска стабилност со постојано инвестирање во криптовалути , позајмување или крадење пари за понатамошно инвестирање итн.

Експертите велат дека некои крипто-зависници може да доживеат и мускулна напнатост, анксиозност и други физички манифестации на зависност.

Поради се поголемиот број на луѓе кои не можат да ја контролираат својата потреба низ САД, клиниките за лекување зависности во својата програма вклучија третман на опсесија со криптовалути, а создадена е и нова гранка на психотерапија која се занимава само со овој проблем.