Францускиот гигант ПСЖ за „само“ 50 мил. евра купи нова голема ѕвезда, а Барселона повторно е измамена од играчот кој во 2017 година беше купен од Борусија од Дортмунд за 105 мил. евра. Тој износ е далеку поголем ако се вклучат и богатите бонуси кои се реализирани во изминатите неколку сезони.
Во секој случај, Осман Дембеле е веќе минато за Барса и Чави, па затоа е многу важно да се најде нов напаѓач. Новинарот на каталонски „Спорт“, Давид Бернабеу, објави дека ПСЖ сакал да го позајми Неимар на Барселона, но таквата понуда на „светците“ не била прифатена.
Наводно, кам-бекот на Бразилецот го спречил Чави, кој смета дека 31-годишниот напаѓач не се вклопува во неговиот концепт за новата сезона. Другата причина поради која Барселона ја одби понудата за позајмица на Неимар е огромната плата која играчот ја добива во тимот од Париз.
Бразилецот го држи рекордот кога се во прашање трансферите бидејќи во 2017 година од Барселона се пресели во ПСЖ за вртоглави 222 мил. евра. До денес тоа е најскапиот трансфер во фудбалската историја.
Неимар има договор со ПСЖ до летото 2025 година и нема намера да се раздели од парите, но факт е дека долго време е во сенка на другите ѕвезди на францускиот клуб, првично Лионел Меси, а сега Килијан Мбапе.
- Фудбалерот веќе јасно стави до знаење дека неговата намера е да остане во Париз и да го заврши договорот со ПСЖ. Неговата плата го прави еден од најдобро платените во светот и тој нема да се откаже од неа, објави Спорт.
Неимар одигра 186 натпревари за Барселона, постигнувајќи 105 погодоци и 76 асистенции. Интересно, за четири години на „Камп Ноу“, Бразилецот одигра повеќе натпревари отколку за шест години во Франција.