Еден од најдобрите фудбалери во светот дефинитивно е Винисиус Јуниор кој моментално настапува за шпанскиот гигант Реал (М). Неодамна Винисиус заврши на второто место во изборот за најдобар фудбалер на светот, а престижната награда „Златната топка“ на Франс Фудбал ја доби Родри од Манчестер Сити.
Имено, Бразилецот добил неверојатна понуда и како што стојат работите наскоро би можел да го напушти тимот на Реал (М).
Шпанскиот „Фихајес“ тврди дека раководството на ПСЖ испратило понуда до Реал (М) за Винисиус Јуниор вредна неверојатни 250 милиони евра.
Доколку се реализира овој трансфер, тогаш ПСЖ би го соборил светскиот рекорд кој е во сопственот на тимот од „Паркот на принцовите“ уште од 2017 година.
Имено, актуелниот светски рекорд е 222 милиони евра, кои ПСЖ ги плати пред седум години за Неимар кој беше доведен од редовите на каталонскиот гигант Барселона.
Заминувањето на Мбапе во Реал (М) создаде голема празнина во нападот на ПСЖ која раководството на овој клуб сака што побрзо да ја пополни.
Доаѓањето на Винисиус секако би ја подобрило ситуацијата во нападот на овој клуб, а „патем“ би го собориле и светскиот рекорд што го поставија.
Досега „кралскиот клуб“ немаше намера да го продаде Винисиус, но сега работите се менуваат бидејќи понудата од ПСЖ е навистина астрономска.
Самиот Бразилец на неколку пати има изјавено дека се чувствува многу добро на „Сантијаго Бернабеу“, но прашање е дали сега кариерата ќе ја продолжи во Франција.
Сигурно е дека голема одлука е пред Винисиус, но и пред раководството на Реал (М).