ПСЖ го купува шпанското чудо од дете за 48 мил. евра

1188
epa11027859 PSG players react after the UEFA Champions League group stage soccer match between Borussia Dortmund and Paris Saint-Germain, in Dortmund, Germany, 13 December 2023. EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Ламин Јамал почна да станува голема ѕвезда веднаш штом се појави на фудбалските терени во дресот на Барселона, веќе градејќи го своето име во светот на фудбалот на неполни 18 години.

Крилниот напаѓач е еден од најважните играчи на каталонскиот гигант, важи за идниот број еден во светот, а беше и еден од клучните играчи на Шпанија, која ова лето стана европски шампион.

Очигледно за него имаше голем интерес од другите европски гиганти, но на крајот никој не успеа да го доведе во своите редови.

Еден од клубовите кој сакаше да го доведе Јамал и беше подготвен да плати огромна сума на пари беше францускиот гигант ПСЖ, но не успеа во таа намера.

Сега тимот од „Паркот на принцовите“ се сврте кон друга опција од Шпанија и повторно станува збор за млад играч кој исто така важи за чудо од дете.

Се работи за Нико Вилијамс, кој важеше за голема желба на Барселона изминатото лето, но играчот остана да игра за Атлетик Билбао.

По Барселона, во трката се вклучи и Манчестер Јунајтед, а сега за 22-годишниот крилен напаѓач е заинтересиран и ПСЖ.

Челниците на клубот од главниот град на Франција се подготвени за неговите услуги да платат 48 милиони евра, колку што изнесува неговата откупна клаузула.

Да потсетиме, Нико Вилијамс досега има играно 168 пати во дресот на тимот од Баскија на кои постигна 31 гол и запиша 43 асистенции.

Покрај тоа, тој 24 пати го носеше дресот на шпанската репрезентација и постигна четири гола за националниот тим.