Протест во Нови Сад: Градското собрание гаѓано со камења, боја и фекалии од страна на демонстрантите/ВИДЕО

67

Во Нови Сад се одржува протест по несреќата на железничката станица кога се урна бетонска настрешница и загинаа 14 лица.

На самиот почеток на протестот, насобраните граѓани со едноминутно молчење им оддадоа на жртвите од несреќата на Железничката станица во Нови Сад.

Инциденти пред просториите на СНС и Градското собрание
Тепачка настанала пред просториите на СНС во Нови Сад. Еден од учесниците на протестот со маска на лицето и шлем на главата кршел прозорец, поради што другиот го удрил.

И двајца мажи биле турнати, се чини дека едниот се обидувал да ги одбрани просториите на СНС.

Камења, боја и фекалии на Градското собрание
Демонстрантите стигнаа до Градското собрание во строгиот центар на градот. Неколку фрлаат боја и камења на влезот. Забележливо е силно присуство на полицијата, но органите на редот не реагираат. Од блискиот трактор демонстрантите беа повикани да престанат со каменување на Градското собрание. Во еден момент се појавила цистерна со течност од која била испуштена течност за која насобраните рекле дека е измет.