Протести во Париз поради новиот министер Дарманин, кој е под истрага за силување

37

Стотици жени вчера протестираа во Париз поради именувањето на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи и Ерик Дипонд-Морети, кој е именуван за министер за правда, а беше многу критичен за движењето „#MeToo“.

Дарманин е под истрага за наводно силовање. Судот пред две години го отфрли случајот против Дарманин, но минатиот месец судот во Париз нареди повторна истрага за наводното силување.

Демонстрантките бараа негова оставка и носеа порака „Сексистичка Влада, феминистичка освета“.

Извор:МИА