Килијан Мбапе пред една недела беше вратен во тимот на ПСЖ, откако клубот не успеа да најде решение за неговата иднина. „Светците“ летово имаа намера да го продадат затоа што не сакаат тој да си замине како слободен играч на крајот од актуелната сезона, но сега за сега немаат успех во таа намера. Последните информации говорат дека раководните лица сакаат да преговараат за продолжување на договорот во кој ќе има и фиксна ослободителна клаузула.
Француски „L’Equipe“ пишува дека Мбапе и претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи се сретнале на 8 август поради целата ситуација. Ал-Келаифи наводно му рекол на Мбапе: “Ќе видиш! Нема да играш повеќе! Нема да ти попуштиме!” Мбапе на тоа му одговорил: „Што ќе видам? Ти ќе бидеш единствениот претседател во историјата кој нема да ми дозволи да играм!“
На состанокот, се чини, беа донесени некои заклучоци и било нешто договорено брзоногиот напаѓач да се врати во првиот тим и Мбапе беше во комбинација за вториот натпревар од новата сезона во Лига 1.
Репрезентативецот на Франција успешно го реализираше ударот од белата точка, но големиот фаворит, тимот на ПСЖ на крајот освои само еден бод на гостувањето во Тулуз.