Прослава по повод Прешернов ден вечерва во Кинотека на Македонија

31

Прослава по повод словенечкиот културен празник „Прешернов ден“ ќе се одржи вечерва во Кинотека на Македонија, информираат од Словенечкиот центар во Скопје што е организатор на овој настан.
Прославата ќе биде реализирана во соработка со Кинотека на Македонија, Band Replay, Женскиот младински хор при МКЦ, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје, како и Дополнителната настава по словенечки јазик и култура – Скопје.