Едно славје за откривање на полот на бебето се претвори во тепачка. Видеото на едно британско семејство брзо стана вирално на Инстаграм и ТикТок со милиони прегледи. Имено, сопружниците го поканија семејството во нивниот дом, го украсија просторот со сини и розови украси и се подготвија за моментот на откривање на полот на бебето. Застанаа пред каучот и ги тргнаа конфетите. Кога розовите конфети летаа низ воздухот, беше откриено дека чекаат девојче.
Мајката на идниот татко, полна со ентузијазам, скокнала врз синот, го собори на каучот и извика дека девојчето „ќе биде на баба“, односно на неа. Мајката на мојот сопруг целосно ни ја уништи забавата за откривање на полот“, рекла идната мајка, не криејќи го разочарувањето. Таа се тргна на страна, видно вознемирена, а подоцна пред сите се скарала со свекрвата. Не изостанаа реакциите на социјалните мрежи.
„Оваа свекрва е кошмар“, „Мајка му го контролира“, „Забележа ли како веднаш ја погледна сопругата. Да, тоа ти е прво внуче, но можеби треба да ги оставиш вистинските родители да го гушнат затоа што е нивното дете“ , „Нејзиниот сопруг е „црвено знаме“ што оди“, „Следниот пат не ја кани мама дека таа не е главна улога во твојот брак “, се само дел од коментарите.
Но, некои тврдат дека идната мајка малку претерува. „Го разбирам разочарувањето на сопругата, но не би направила таква драма од тоа. И бабата е возбудена што има внуче“, „Не беше толку голема работа, неговата мајка веројатно беше само среќна што ќе биде баба“, рекоа некои. Некои во коментарите истакнаа и дека целата ситуација изгледа исценирана.