Највисока просечна нето плата во Црна Гора во ноември е забележана во Тиват и изнесува 1.243 евра, додека најниска е во Гусиње – 796 евра, покажуваат податоците на Монстат.
Просечна плата од над 1.000 евра има во три општини: Подгорица – 1.039 евра, Тиват – 1.243 и во Зета, каде просечната плата во ноември била 1.159 евра.
Просечната плата без даноци и придонеси во ноември, според податоците на Монстат, изнесува 993 евра и е за 5,2 отсто повисока од октомври и за 23 отсто во однос на истиот месец лани.
Просечната бруто-плата во ноември изнесувала 1,18 илјади евра.
-Со оглед на тоа што потрошувачките цени во ноември бележат пораст од 0,2 отсто во однос на октомври, произлегува дека реалните плати се зголемени за пет отсто за истиот период, соопшти Монстат.
Пад на просечната заработка без даноци и придонеси во ноември во однос на претходниот месец е забележан во секторот земјоделство, шумарство и рибарство за 9,7 отсто.